Србија е во фаза на формирање берза на електрична енергија која ќе се вика Sepeks, и во која францускиот партнер Epex spot ќе има сопственост од 25%, а Електромрежа Србије 75%. Формирањето на оваа компанија се планира за третиот квартал од годинава, а полна функционалност се очекува во првиот квартал на 2015 година. Нешто подоцна, поточно во третиот квартал на 2015-та се планира спојување со другите берзи во регионот. Компанијата Epex spot има голем удел на пазарите во Германија и Франција.
Извор: elektroenergetika.info