Насловна / Вести / БиХ: Храбрите жени од Крушчицa добитници на наградата EuroNatur, за сперечување на изградбата на две МХЕ

БиХ: Храбрите жени од Крушчицa добитници на наградата EuroNatur, за сперечување на изградбата на две МХЕ

Храбрите жени од Крушчицa, во Босна и Херцеговина, се добитници на престижната награда на германската фондација EuroNatur за  2019 година, благодарение на акцијата за спречување на изградбата на две мали хидроелектрани (МХЕ), која траеше 500 деноноќија.

„Група жени од селото Крушчицa, во близина на Витез, денес попозната како „Храбрите жени на Крушчицa“ , во текот на 500 денови и ноќи го блокираа мостот преку истоимената река, со што спречија изградба на две МХЕ. Благодарение на својот храбар и упорен протест, на 10-ти октомври тие ќе ја примат наградата за оваа година“ се вели во одлуката на фондацијата EuroNatur.

kruscicewomen2

kriscicewomen1

Во периодот од август 2017 до декември 2018, мостот го блокирале исклучиво жени, бидејќи верувале дека припадниците на безбедносните сили нема да кренат рака на жени. Оваа проценка се покажала како погрешна, но сепак, и покрај полициската бруталност, а секако и огромниот притисок и закани од страна на инвеститорите, овие храбри жени не се откажале од одбраната на својата река. Надлежниот суд конечно ги поддржа нивните цели, со што е ставен крај на ниваната 18 месечната борба.

Меѓу досегашните лауреати на наградата се и американскиот писател Jonathan Franzen и романскиот активист за зачувување на шумите Gabriel Paun. Поранешната амбасадорка на Германија во Црна Гора, Gudrun Steinacker ја добила наградата EuroNatur за 2017 година, благодарение на незјиниот придонес во кампањата за заштита на Улцињската солана.  Меѓу добитниците на оваа престижна награда биле и Нелсон Мандела, Михаил Горбачов, Принцот од Велс и други.

kruscicewomen3

Испрати коментар

Scroll To Top