Насловна / Вести / Од 2021 година, ЕИБ нема да финансира проекти за фосилни извори на енергија

Од 2021 година, ЕИБ нема да финансира проекти за фосилни извори на енергија

„Европската Инвестициска банка (ЕИБ), ќе престане да ги финансира проектите поврзани со фосилните горива од 2021 година“, пишува во нацртот на новата политика на оваа банка за финансирање во енергетскиот сектор. Во документот „Политика на кредитирање на ЕИБ во енергетскиот сектор – поддршка на енергетската трансформација“ (EIB energy lending policy – Supporting the energy transformation), ЕИБ вели дека нејзините активности ќе бидат фокусирани на следните четири области: енергетска ефикасност, декарбонизација на снабдувањето со енергија, поддршка на иновативните технологии и обезбедување на неопходната инфраструктура. Понатаму, банката која е сопственост на ЕУ, вели дека проектите од областа на фосилните енергенти воопшто нема да бидат доставувани до Одборот за одобрување. Во документот исто така се наведува дека сите активности на ЕИБ ќе бидат во целост усогласени со Парискиот договор за климата.

EIBfossil1

Предложената политика за кредитирање во енергетскиот сектор ќе биде разгледувана во септември од страна на Одборот на директори, кој е составен од претсатавници на земјите членки на ЕУ. Во нацртот на документот, ЕИБ истакнува дека е потребна солидарност за да се осигури поддршка на потенцијално загрозените групи или региони, па затоа банката ќе основа т.н „Пакет за енергетска транзиција“, со цел да обезбеди  дополнителна поддршка за оние земји членки на ЕУ или региони со тешкотии во транзицијата.

eibfossil3

 

Испрати коментар

Scroll To Top