Искуството и традицијата градени во изминатите седум децении, стручноста, иновативноста, посветеноста и професионализмот, континуираното надградување на вештините на секој поединец вработен во ГД „Гранит“ АД Скопје, придонесоа до крајот на 2018 година успешно да се завршат 14 проекти, да се потпишат 12 нови договори за градење и во 2019 година да се продолжи со изведбата на 37 тековни проекти.
Автопат Миладиновци – Штип
Оваа година се пушти во употреба автопатот Миладиновци – Штип, каде Гранит ја изведуваше секцијата 2, на потег Свети Николе – Штип, со што се овозможи безбедна, непречена и брза конекција на Штип и Свети Николе со Скопје.
Автопат Кичево – Охрид
Проект кој особено ќе ја зголеми конкурентноста на Гранит, како на домашниот, така и на меѓународниот пазар е изградбата на првите 10,42 километри од патниот правец Кичево – Охрид, односно делницата 1, која се протега на потегот од Кичево до Подвис. Вијадуктите со конзолен начин на градба го прават овој проект еден од најсложените конструктивни објекти воопшто изведени на нашите простори, а Гранит е единствената градежна компанија која располага со сопствени ресурсни пристапи во изведбата. Можноста да се работи на овој сложен проект придонесе нашиот инженерско-технички кадар да биде првиот кадар во Македонија кој е обучен за работа и изведба на вакви специфични објекти.
Санацијата на делницата Неготино – Демир Капија, која е значајна конекција на територијата на Република Северна Македонија со Република Србија и Република Грција, беше уште една можност Гранит да се докаже како компанија која е носител на новините во сферата на градежништвото во Македонија, изработувајќи за прв пат четири пробни делници, во комбинација на два слоја од асфалти со обичен битумен, класичен полимер битумен и полимер битумен со додаток на ELVALOY и тоа за завршен слој тип 45/80/65 и за втор слој на асфалт тип 25/55/55, а во меѓународна соработка на Градежниот факултет при УКИМ и софискиот и чешкиот градежен факултет. Ова решение овозможи подолг век на траење на автопатот, а притоа намалување на трошокот за одржување на истиот, со што Гранит повторно се докажа како компанија со најмногу искуство, традиција и знаење кое се негува, надградува и зголемува со секој нов проект.
гасовод Неготино (Кавадарци) – Битола
Преку општествено значајниот проект за изградба на магистралниот гасовод Неготино (Кавадарци) – Битола, Гранит ја потврди заложбата да биде клучен носител на активностите и инвестициите насочени кон унапредување на инфраструктурата и квалитетот на животот на граѓаните, како главен двигател на современото општествено уредување.
Гранит е дел и од изградбата на првата делница од Крива Паланка до Длабочица. Овој проект е еден од важните инфраструктурни проекти кои ќе овозможат модерно и современо инфраструктурно поврзување на Македонија со Бугарија.
експресен пат Крива Паланка – Длабочица
Во текот на 2019 година, продолжува и изградбата на експресниот пат А3 Штип – Кочани, каде Гранит ја изведува секцијата на потег од Штип до Крупиште и чија финализација се очекува кон крајот на оваа година, што ќе овозможи брзо и современо поврзување помеѓу Штип и Кочани.
Во делот на високоградбата, Гранит во 2019 година продолжува со изведба на 11 спортски сали, а планирано е и воведување на изградба на нови осум спортски сали во склоп на проектот 145 спортски сали.
Уште еден во низата проекти кои претставуваа предизвик за Гранит е Антенскиот систем за контрола и мониторинг на радиофреквенции на територијата на Македонија, како еден од најкомплексните градежни објекти кои во моментов се изведуваат во државата. Со импозантна висина од 155 метри овој објект и во конструктивна смисла се состои од повеќе функционално-естетски целини. Сложеноста на објектот и екстремните услови во кои се изведува, наметнаа примена на современа технологија на изведба која е од големо искуствено значење за напредокот на инженерскиот кадар на ГД Гранит АД Скопје.
Антенскиот систем на Водно
Потврдата за довербата во она што ГД Гранит АД Скопје го нуди како производ и услуги, се склучените договори со приватни инвеститори, од кои како позначаен го издвојуваме изведбата на новиот деловен комплекс на КАМ – затворен пазар (КАМ МОЛ). Објектот се состои од две дилатирани ламели (трговски центар и подземна гаража) и се простира на површина од 5.035 квадратни метри, вкупна висина од 30 метри, од кои 14 метри се под земја – кота 0,00 (4 подземни ката) и 16 метри над кота 0,00 метри.
деловен комплекс на КАМ
На крај, посветеноста и професионалниот однос на вработените во лабораторијата на Гранит, придонесоа ГД Гранит АД Скопје да се здобие со Сертификат за фабричка контрола на квалитет за асфалтната база Корешница согласно Законот за градежни производи, а со тоа Гранит стана прва градежна компанија во Македонија која се здоби со сертификат од ваков тип.
И оваа година наша заложба останува испорачувањето квалитет, доверба и традиција, надградувањето и обучувањето на сите вработени, а особено на инженерско-техничкиот кадар чиј предизвик ќе бидат сложените и комплексни проекти, посветеност на зачувување на веќе постигнатото, со стремеж да останеме лидер во иновативните техники, решенија и пракса во Македонија и пошироко.
Изработил: Марина Атанасова, шеф на Кабинет на генералниот директор
Bravo za Granit. Smenata na generacija hrabro ja sprovede i navremeno i toa vrodi so rezultati. Sega istoto toa go pravat drugite kompanii, no predviduvanjeto za idnina i promena zaradi momentalna sostojba mnogu se razlikuvaat. Ednata znaci idnina, drugata spas. Granit odbra idnina
Ahahahaha abe Borche kakvo bravo koga od firma so 5000 vraboteni stana selska firma so 500 ??? Greota e toa… od firma sto imase Inzeneri i majstori za gordost stana pripravnicka firma…. dojde red da iznajmuva od stranatvo Inzeneri za da i gi vodi proektite doma… i toa nekoja cklj klasa ….
Uzas…
Koga ke se osvestat i da go trgnat gjubreto Venko od tamu, togas ke bidat na pat od dnoto prema spasot.. a do togas neka si trpat sadomazosihsticki tamu kaj sto se…
Vazno e da se zdravi i zivi
Pocituvan Gospodine,
Granit e firna so 1600 vraboteni. Toa sto nekogas vo kominizmot imala 6000-7000 ( i Pelagonija imala i Mavrovo i Beton… pa denes se ograbeni i propadnati kompanii.) ne e nikakov reper za toa toa kolku e uspesna vo momentov. 1600 vraboteni co denesno vreme vo ovaa drzava ?? uff…Ke bese i pouspesna dokolku nemase nesposobni tipovi kako Miso Ingilizov vo minatoto ( penzionira kako rakovoditel na magacin za skele – zet na bivaiot generalen Toso – covek sto celo penzionersko vreme ke leci kompleksi plukajki po Grani i vrabotenite ), islocni tipovi
Borche
Komunizmot ne bese vopocetokot na 21 vek ama Granit beshe silen preilen. Bese na Lista na 200 najgolemi vo svetot na ENR a sega se bori so lista na 100 vo Makedonija. Imalo Mishovci ama imashe i Boshkovci, i Pedjovci, i Milkovci i Zilevci ….. IMASHE GRANITOVCI… a koi ne napustaa ako im oonudi nekoj 50 evra pogolema plata a imaa plati po 200-300 evra… drugi vreminja…. ne e bitno sto Granit igo namali brojot na vraboteni ama e losto sto go izgubi brojot na Granitovcite. 1000 Mishovci nemozele da userat vo toa vreme kolku eden Venko denes
Granit. Na vremeto gradese AVTOPATI, ZGRADI, HOTELI, BRANI, KOMPLETNI VOJNI AERODROMI, i drugi pomali objekti ulici bulevari ,,preku nok” isto uste ne togas so 7000 vraboteni X 3 clena e minimum 21000 a sega mnozi kako sakas, sporedbata so drugi kompanii neka ne ti bide kako UTEHA ,,Borche”. Licno ne znam koj si no sekoj pat sum spremen da imam REPLIKA so TEBE.
Porano rabotite GRANIT gi ZEMASE sam vo ZEMJAVA i STRANSTVO, sega e vo zemjava ,,PODIZVEDUVAC”, porano rabotese vo stranstvo a podiveduvaci vrabotuvase LOKALCI. Neka KAZL KOMENTAR NEKOJ?
Ispraven komentar.
Анонимен кафански муабети пишуваш и за луѓе што не се во струка можеби си интересен но за останатите си тотален непознавач на општествено политичките текови и тоа што денес преставува успех. Гранит денес вработува околу 2000 луѓе, храни 10.000 други со тос , работи успешнои со добивка секоја година , работи успешно во странство и е сининим за изградба н патишта. Се друго ти е муабет за во кафана и те молам не коментирај веќе како било порано, порано не е реперот за тоа дали денес си успешен. Само те молам кажи ми од компаниите од СФРЈ која денес е поуспешна од Гранит ?
Гранит денес не вработува повеќе од 1500 луѓе. На поголемиот дел од вработените (мајстори, шофери, машинисти) нон стоп им кратат изработени саати, прекувремени саати и викенди. Техничкиот кадар е на фиксна плата и ним не им следува работа за викенд и прекувремени саати. Во Босна скоро сите кои беа ги тужат и ги добиваат поради неисплатени прекувремени саати. Успешна фирма тоа не го прави. Сум бил таму, и знам како е. Еве ти од струка (и лично искуство) муабет, а не кафански. Најдобар меѓу најлошите, не те прави успешен. Поздрав
Od Anonimen do Anonimen
Imas pravo, kafanski se muabetite .. i izlegoa od kontekst…
Da ne se razbereme pogresno…
Granit e kako F.K. Vardar… za nego se naviva i koga e na vrvot i koga e na dnoto… kade i da sme, bez razlika kolku dolgo ne sme vo nego.. i koga ke padne vo vtora liga, pak navivame za Granit.. i se nadevam deka ke dojde vreme koga pak ke se vrati na vrvot.
Ne e problemot vo Granit… vo NAS e problemot… go ostavivme na VENKO … ne trebase…
Лесно е да напишеш текст во кој сам ќе се фалиш. Нека кажат колку проекти во последните 5-6 години Гранит ги завршил без доцнење?
Kako sto znam vo Bosna i dvata avtopati gi zavrsi vo prvicno predvideniot rok, bez ni eden den zadocnuvanje. Bo Makedonija ne komentiram, nema poenta. Vo drzava koga vo proektot falat klucki, ulicari se gazdi na firmi i avtopati gradat kompanii bez den iskustvo vo gradba na avtopati suvisno e da se zbori za toa sto Granit pravi. Sigurno se maci, raboti so pomal intezitet a so toa ne realizira i profitira kolku sto nabistina ima kapacitet.