Насловна / Вести / Огромен интерес за првото електрично „Порше“

Огромен интерес за првото електрично „Порше“

Еден од најочекуваните електрични автомобили во светот, секако е Taycan, првиот целосно електричен модел на легендарниот германски производител „Порше“. Иако планираната цена му е во опсег 90 до 130.000 УСД, а сеуште не се познати деталите од ценовникот за стандардни опции и дополнителна опрема, компанијата од крајот на минатата година веќе започнала да прима резервации. Досега има дури 30.000 нарачки.

Претходно во „Порше“ најавувале дека иако се работи за скапо возило од висока класа, ќе произведуваат околу 20.000 возила годишно. Но, во контекст на огромниот интерес уште во оваа иницијална фаза, компанијата ги ревидирала своите планови, па сега најавува дека во првата година ќе произведе дури 40.000 примероци.

taycan1

tycan2

taycan3

Испрати коментар

Scroll To Top