Јапонскиот производител на електронски апарати Sony, направи микро клима уред кој се носи во облеката и по потреба ја разладува или затоплува личноста која го носи. Уредот се вика Reon Pocket, а средствата за неговиот развој (над 600.000 УСД), компанијата ги собрала преку својот сајт за crowdfunding (модел на колективно финансирање). Reon Pocket се продава заедно со маица која има „џеб“ за уредот, а се управува преку апликација на мобилен телефон. Reon Pocket може да ја намали температурата за 13 степени, или да ја зголеми за 8 степени Целсиусови. Овој уред во моментот може да се купи само во Јапонија, по цена од 117 УСД.