Monograph неодамна го претстави т.н starchitect рангирање за да покаже колку се популарни славните архитекти. Алгоритмот зад ова рангирање е создаден од дизајнерот на дигитални производи Moe Amaya и тимот на Monograph, а во основа е базиран врз алгоритмот на STAR систем за рангирање кој ја определува релативната популарност и вредноста на брендот на архитектот.
Како што вели тимот од Monograph, „ без разлика дали сте клиент кој сака да донесе телентиран архитект или пак студент кој ја гради својата едукација, вредноста на брендот starchitect во бизнисот и академијата е слабо покриена. Ранкинг системот starchitect нуди квантифициран пристап поткрепен со податоци, во оценување на вредноста на брендот.“ Според ова рангирање, убедливо на врвот е Zaha Hadid, а потоа следуваат Norman Foster, Le Corbusier, и Bjarke Ingels. Рангирањето е направено врз основа на следните критериуми: број на пребарувања на Google, возраст, (не)добиена Прицкерова награда, значајни проекти, број на следбеници на Инстаграм, како и податоците за проекти од ArchDaily.
Сепак, многу значајни критериуми изостануваат од алгоритмот, како на пример книгите и влијанието од нивните проекти. Предмет на рангирање се само архитектите индивидуално, а не и архитектонските компании.