Со низа свечености на 18.5.2019 се одбележа отворањето на дел од автопатот на Коридорот 10 во Република Србија низ Грделичка Клисура. Заинтересираната стручна јавност повеќегодишните сложени градежни работи ги следеше со внимание и професионална љубопитност. Во оваа прилика ја претставуваме работата на фирмата „Интеграл инженеринг“АД од Лакташи (Босна и Херцеговина), која зазема видно место работејќи на градежниот потфат во Грделичка Клисура.
Коридорот 10 е паневропски коридор, кој покрај низ останатите држави, поминува и низ Србија и низ Северна Македонија. Програмата за изградбата на автопатот E-75 на овој коридор низ Србија се спроведува низ четири проекти кои се поделени на делници, а тие во договори (лотови). Проектот „Југ“ од Грабовница до Левосој со должина 75 километри содржеше пет делници, од кои три се завршени и пуштени во употреба. На пример, автопатот од Долни Нерадовци до Српски Куќи е во употреба од 2013 година, а од Владичин Хан до Долни Нерадовци од 2015 година.
Всушност, настаните од 18.5.2019 беа посветени на завршување на работите на преостанатите две делници со вкупна должина од 26.1 километар и тоа: Грделица-Царичина Долина (11.8 километри) и Царичина Долина – Владичин Хан (14.3 километри). Интересно е дека наведените делници се реализирани низ осум договори (лотови), работите ги изведуваа компании од Шпанија, Грција, Бугарија, Азербејџан, Босна и Херцеговина, како и од Србија. Финансирањето е обезбедено со кредити од Европската инвестициска банка (EIB) и во помала мера од Светска банка (WB).
Се очекува автопатот да има позитивно влијание на стопанството и трговските активности во регионот, а исто така да придонесе за регионалниот развој и поврзување на поширок простор на Балканот.
„Интеграл инженеринг“АД, заедно со своите партнери („Интеркоп Мишар“ ДОО и „Приједорпутеви“ АД) ги изведе работите на делницата Царичина Долина – Владичин Хан, во рамки на која ги изгради патиштата и мостовите на подделницата Царичина Долина – тунел Манајле (LOT-5). Работите започнаа кон крајот на 2013 година, а успешно се завршени на 30.6.2018 година. Стануваше збор за крајно сложен проект, кој го тестираше знаењето, вештината и истрајноста на неимарите. Надзорот на работите цело време го вршеше француската фирма Louis Berger. Оперативно со работите управуваше огранокот на „Интеграл инженеринг“ во Ниш.
Краток опис на изведените работи
Должината на изградениот автопат е 6,75 километри. Трасата на автопатот во најголем дел е сместена на десниот брег на реката Морава, додека населбата Џеп се заобиколува по левиот брег од километар 887+800 до километар 890+200.
На дел од автопатот од километар 886+275 до километар 887+200 изведено е изместување на постоечката железничка пруга во должина од 980 метри.
На трасата на автопатот извршено е изместување на оптички кабел и изведени се три ѕида за заштита од бучава со вкупна должина од 692 метри.
Сложените топографски услови, особено во попречна насока, изискуваа проектирање на голем број инженерски објекти и конструкции – мостови, конструкции за заштита на косините, галерии, заштитни и потпорни ѕидови.
На автопатот на делница од 6.75 километри изведени се седум моста: Селишки Поток, Јужна Морава 1, Јужна Морава 2, вијадуктот Момин Камен, Кучајска Долина, Соколица и вијадуктот Козничка Река.
Вкупната должина на мостовите е 2.540 метри или по 1.270 метри за секоја сообраќајна лента.
Заштита на косините Мртвица 1 и Мртвица 2, како и косината од ПР121 до ПР152 е изведена со тешка стабилизација на косината, со систем на скара на армиранобетонски греди во комбинација со геотехнички сидра, крути анкери и торкетирање на косината на вкупната должина на трасата од 1.520 метри и вкупна површина од 32.430 квадратни метри.
На дел од трасата извршено е етажирање на косината со минирање и заштита на косината со различни типови мрежи, IBO анкери и заштитни бариери: површината покриена со заштитна мрежа изнесува 145.000 квадратни метри, а бројот на IBO анкерите (со должина 1.5 – 12 метри) изнесува 6.970 парчиња.
Во зона на косината Момин Камен изведени се левиот заштитен ѕид со заштитна бариера и десниот потпорен ѕид, кој делумно е фундиран со шипови со дијаметар Ø1200 милиметри.
Краток преглед на обемот на работите:
-ископ на материјал од различни категории: 1.643.264,68 кубни метри
-изработка на насипи: 524.518,67 кубни метри
-изработка на одводнување 6.747,12 метри
-вградување BNS: 195.513,68 квадратни метри
-вградување асфалт-бетон: 24.238,42 квадратни метри
-вградување SMA: 111.069,49 квадратни метри
-вградување бетон 149.789,55 кубни метри, од кои пренапрегнат бетон 9.258,86 кубни метри
-вградување арматура: 11.181.092,00 килограми
-вградување јажиња за пренапрегање: 480.293,44 килограми
-вградување шипови Ø800 mm: 5.946,27 метри
– вградување шипови Ø1000 mm: 1.395,27 метри
– вградување шипови Ø12000 mm: 7.997,80 метри
– вградување шипови Ø1500 mm: 2.089,22 метри
– вградување пренапрегнати сидра: 52.144,00 метри
Интеграл инженеринг АД Лакташи – БиХ
Интеграл инженеринг АД Лакташи – БиХ основан 1989 година. Годишен приход од изведени проекти 118 милиони евра/извоз од 47,3 милиони евра/ иброј на вработени 750. Најголема компанија од областа на градежништвото во БиХ. Интеграл инженерин и скопски Гранит се партнери повеќе од шест години на проекти во БиХ, со изведени 72 километри автопат, а моментално работат заедно на градилишта на Коридор 5Ц.
Автор: Служба за односи со јавност „Интеграл инженеринг“ а.д.