Во американската сојузна држава Мисисипи, државните регулаторни тела за заштита на животната средина едногласно издале одобрение за изградба на најголемата фабрика за дрвни пелети во светот. Компанијата Enviva има намера да вложи 140 милиони УСД во овој проект, и да вработи 120 лица директно во фабриката, како и дополнителни 300 индиректни вработувања. И покрај показатели, локалната заедница веќе со месеци го изразува своето незадовоство со протести, поради бројните негативни ефекти по животната средина кои ги носи овој проект. Граѓанските организации и стручната јавност предупредуваат дека емисиите на штетни гасови од фабриката ќе бидат над дозволените вредности, а се споменува и опасноста од дефорестација на околината и непотребните транспортни трошоци и емисии од транспортот на суровините. Граѓаните се чувствуваат изневерени од локалните власти, а протестите ги поддржува и глумецот Леонардо Ди Каприо.