Насловна / Арт и дизајн / На Капри изложба „Оддавање почит на Симон Узуновски“, македонски сликар и архитект

На Капри изложба „Оддавање почит на Симон Узуновски“, македонски сликар и архитект

Во сабота, трети август во 19:00 часот, во малата црква la Chiesa dell’Oratorio in via Carlo Serena на италјанскиот остров Капри ќе се отвори изложбата на слики на македонскиот сликар и архитект Симон Узуновски, кој го сликаше Капри повеќе од 40 години .

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Изложбата ќе трае до 11 август и ќе биде отворена секој ден од 18:00 до 22:00 часот, претставува одавање почит на еден од последните наивни сликари што го насликаа Капри. Станува збор за избор на неговите најконкретни дела, кои ги прикажуваат la Piazzetta, Marina Piccola, Tragara, Marina Grande, архитектурата и природата на островот, обожуван од македонскиот сликар и архитект.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA
Симон Узуновски (1949-2018), роден во Белград, израснат во Скопје, еден е од пионерите на уметничките интерактивни инсталации во Македонија и беше активен на сцената речиси 50 години.

1

По патувањата низ балканските земји и островите на Грција, тој слетал на Капри во 1971 година, скоро случајно. Од тогаш Узуновски го избрал островот како негово место за престој и го зголемувал престојот од година во година.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA
„Малите сводови, едноставните и живи бои, наивната и импресионистичка особина, спонтани како очите на детето, но во исто време прецизни како молив на архитектот, отсекогаш ја карактеризираат сликарството на Симон Узуновски. Неговата уметност ги воодушеви и aмериканците и итакјаните и русите и арапите. Директната и жива карактеристика на неговото сликарство е химна за живот и радост и со оваа изложба имаме намера да ги потсетиме сите на неговото творештво и да се сеќаваме“, велат медиумите на Капри.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Испрати коментар

Scroll To Top