Компанијата Airbus креирала комплетно нов ентериер за своите А330 модели, потенцирајќи ги комфорот, амбиентот, услугите и дизајнот. Новиот ентериер за А330 е претставен под името A330neo Airspace. Првенствено, секој кој има страв од летање ќе биде обземен од смирувачкиот тон на ентериерот со специјални ефекти кои може да се менуваат во текот на летот. Просторот за рачен багаж над седиштата е зголемен за дури 66%, а новиот дизајн максимално ефикасно го има оптимирано просторот за седење, што овозможува 10 седишта повеќе отколку типичниот А330, без да се нарушат стандардите за комфор на патниците.