Архитектот и водач на борбата против ѕидови на границите, Роналд Раел, поставил три розеви клацкалици на границата меѓу САД и Мексико, за да можат фамилиите од двете страни на оградата меѓусебно „смислено да се поврзат“, но и за да ја нагласи поврзаноста меѓу двете земји.
Реал смета дека овие клацкалици можат да бидат темел на односите помеѓу САД и Мексико.
Децата од двете страни на границата можат да се клацкаат, што на на многу очигледен начин докажува како едната страна влијае на другата.
Оваа вест многумина ги потсетила на слична акција на францускиот уметник во октомври 2017. година, кога на истата граница е поставена маса со фотографија на детски очи, која тој ја снимил и околу која се собирале жителите од двете страни на границата да ручаат заедно.