Насловна / Арт и дизајн / Филм кој раскажува вистинска приказна за жените од Баухаус

Филм кој раскажува вистинска приказна за жените од Баухаус

Во 1919 година, создавањето на школата Баухаус во Германија, означува важен момент во историјата на архитектурата, кој ќе иницира бројни дебати за архитектурата и дизајнот до денешен ден. Оваа школа, која подоцна ќе стане повеќе движење отколку институција, се соочила со огромен  политички притисок, што резултира и со нејзино затворање во 1933 под наездата на нацизмот.  Денес, 100 години подоцна, се појавува исклучителен филм кој ја зборува приказната за жените кои ја посетувале оваа институција. Имено, Баухаус била првата институција во Германија, каде и на жените им било дозволено да се едуцираат. Во тоа време и во Европа, малубројни биле ваквите примери. Сепак, жените во Баухаус  немале еднаков третман како нивните машки колеги, односно им биле ограничени програмите кои можеле да ги посетуваат.  Како резултат на нееднаквоста и условите во тоа време, се чини дека имињата на овие жени полека избледувале од мемоарите на оваа институција. Но, преку овој филм, нивниот живот излегува пред очите на јавноста. Приказната за  Anni Albers, Gunta Stolzl, Marianne Brandt, Margarete Heymann, Gertrud Arndt, Benita Koch-Otte, Lou Scheper-Berkenkamp, и дизајнерката Alma Siedhoff-Buscher, го инспириралa Gregor Schnitzler да го направи филмот Lotte am Bauhaus. Дејствието е посебно фокусирано на кариерата на Alma Siedhoff-Buscher, која наспроти желбите на нејзините родители, низ школата на Баухаус станува дел од генерацијата уметници кои се спротивставуваат на идеологијата на Рајхот и нацистичките идеи за архитектурата.

lotte1

lotte3

Испрати коментар

Scroll To Top