Користењето на обновливи извори на енергија е значајно за секоја земја, а Македонија може значаен процент од неопходната енергија да ја добива од биомаса. Светската потрошувачка на енергија е двојно поголема во однос на 1970година и ќе се зголеми тројно до 2030 година. Како последица на тоа, залихите на фосилни горива, нафта и гас се намалуваат,а цената на енергенсите расте. Се бара енергетска ефикасностза да се осигура иднината.
А, иднината е токму користењето на чисти извори на енергија како што се биомаса, хидроенергија, геотермална енергија, енергија од ветер и сонце. Зголемувањето на користењето на биомасата, био гасот и природниот гас во производството на енергија беше основна целна семинарот „Технологија набиогорива, опрема и употреба“,што се одржа во организацијана Стопанската комора на мал бизнис на Македонија, а „Порта3“ медиумски го поддржа. На семинарот се презентираше опрема за производство и употреба на биогорива, технологија за производство на пелети и биогас, какои можности за користење на финансиски средства за градба и реконструкција на нискоенергетски објекти икористење на обновливите извори на енергија.
Според заменик министерот за
животна средина и просторно
планирање, Соња Лепиткова,
Македонија има голем потенцијал
за користење на енергија од
обновливи извори и треба да ги
осовремени своите технологии
за добивање таков вид енергија.
„За таа намена може да се добијат
пари од Европската Унија и од
европските и домашните банки,
а бизнис секторот треба навреме
да се подготви за правилно да ги
искористи“, рече Лепиткова.
Во Македонија, како што посочи,
веќе има повластени тарифи за
производство на електрична
енергија од обновливи извори,
особено за енергија добиена од
сонце и од ветер, а во моментов
се работи и на повластените
тарифи за производство
на енергија од биомаса.
„Зелената енергија е многу важен
сегмент. Озеленувањето на
нашата економија се бара од нас
и мора да го спроведеме, бидејќи
заштитата на животната средина
е начин на живеење во новиот милениум. Треба да бидеме
подготвени да ги искористиме и
примениме сите нови технологии,
а крајниот бенефит од тоа да биде
што поголем процент на енергија
да се добива од обновливи
извори и да се намали емисијата
на стакленички гасови во
атмосферата“, додава Лепиткова.
Слободан Софески од Стопанската
комора на мал бизнис појасни
дека „Прокредит банка“ веќе
нуди две кредитни линии за
енергетска ефикасност со поволни
каматни стапки, една од свои
средства и друга со средства
од германската КФВ банка.
„Ние сме во почетна фаза на
користењето на поволните
кредити што се нудат за енергетска
ефикасност и производство на
енергија од обновливи извори.
Сепак, сметам дека компаниите
можат и со сопствени средства
да инвестираат во користењето
на ресурсите што ги имаме кај
нас, како што се биомасата од
растително потекло за што
им се потребни од 20 до 100
илјади евра за капацитети кои
ќе ги задоволуваат локалните
потреби“, вели Софески.
Тој прецизира дека во делот
на користењето на биомасата
од животинско потекло,
Македонија е на почеток
и оти сè уште нема правна
регулатива која ќе ги примора
фармите да прават постројки
за производство на биомаса.
„Македонија во делот на
примената на енергетската
ефикасност е на исто ниво
како и околните земји од
регионот“, рече Софески.
Но, според Владимир Стојановиќ,
претставник на српска компанија,
Словенија е таа што од
Балканските земји е најнапредната
на ова поле. „Словенија е најдобра
со производството на гас, а и
Хрватска го фаќа чекорот. Србија
е во подем, но треба уште многу
да се работи. Во нашата околина
Италија е најблиску каде најмногу
се користат обновливите извори
на енергија“, вели Стојановиќ.
Александар Цветков од „Космо“
објасни дека Македонија 100
отсто од своите потреби за нафта
и земен гас ги подмирува од увоз.
Од таа причина зголеменото
користење на обновливите
извори на енергија треба да
биде новата определба со која
се отвораат нови работни места
во селата и градовите, и со тоа
се овозможува рамномерен и
о д ржлив развој на земјата.
Катерина Спасовска-Трпковска