Владата на Република Хрватска го прогласи геотермалниот проект AAT Geothermae во Меѓимурје за стратешки инвестициски проект. Оваа иновативна геотермална електрана е дел од програмата ан Европската Унија NER 300, една од најголемите светски програми за финансирање на иновативни пилот проекти со ниски емисии на јаглерод диоксид. Инсталираната моќност на електраната е 18,6 MWe и 75 MWth, а инвестицијата е проценета на 81 милиони евра.
Главниот ресурс за електраната ќе доаѓа од длабочина од 1800 до 2300 метри, додека хибридниот систем на овој проект ќе користи два медиума – топла вода и гасовите растворени во водата. Гасовите ќе се одвојуваат од геотермалната вода и ќе согоруваат во гасен мотор, а 98% од CO2 од согорувањето се собира и повторно се инјектира во изворот (аквиферот). Проектот добил 14, 7 милиони евра од програмата NER.
AAT Geothermae со седиште во Швајцарија, порано соопшти дека има намера да изгради 10 геотермални електрани во регионот, вклучувајќи 3 во Хрватска, 2 во Србија и една во Романија.