Во зградите лоцирани во делови од градот кои имаат добро развиена пешачка мрежа, многу подобра е продажбата и изнајмувањето на простор од оние делови што им даваат приоритет на автомобилите. Пешачењето, секако, има повеќе придобивки во однос на квалитетот на животот, но исто така и добро организирана мрежа на пешачки патеки влијае на тоа дека објектите од различни цели се попристапни, што автоматски се одразува на задоволство на граѓаните. Имајќи го ова на ум, експертите од Универзитетот за недвижности и Универзитетот Џорџ Вашингтон, кој се наоѓа во главниот град на САД, се обидуваат да го одредат влијанието на пешачките мрежи во урбаните области врз развојот и функционирањето на градот. Тие го дефинираа WalkUP како мерна единица во овој систем. Според нивните извештаи, во зградите во делови од градот кои имаат добро развиена пешачка мрежа, многу подобра е продажбата и изнајмувањето на простор од оние делови што им даваат приоритет на автомобилите. Градовите со највисок процент на WalkUP во Америка се: Њујорк, Денвер, Бостон, Вашингтон, Сан Франциско и Чикаго. Детроит е дури на 23 место. Сепак, тековнните инвестиции во пешачката зона во Детроит е најголема во САД. Во периодот од 2010 до 2018 година, Детроит работеше главно на ова поле на урбанизација. Трендот на изградба на велосипедски и пешачки патеки, заедно со зелени површини, е нешто што би сакале да го видиме во нашите градови.