Се работи за норвешки производител на енергија, кој според остварениот профит се наоѓа на 57-то место на листата за светски најголеми компании. Компанијата има 30.000 вработени, во 37 земји во светот.
Зградата се наоѓа во Осло и со нејзината спектакуларна архитектура и уникатен дизајн е лидер во поглед на енормноста, функционалноста и исклучителноста. Со создавање на нова урбана средина, оваа нафтена компанија дава друга димензија на аеродромот што постоел.
Зградата е трансформација на старата повеќекатна гаража на аеродромот, а целиот концепт на распределување на канцелариите е во пет идентични по големина ламели поставени една над друга. На тој начин се ослободува повеќе простор не само за паркинг, туку и за патека за жителите да можат слободно да се прошетаат низ фјордот.