Насловна / Вести / Од денес нашата планета работи на долг

Од денес нашата планета работи на долг

Светот оваа година на 29. јули влегува во еколошки долг. До денес сме потрошиле повеќе од што екосистемите на планетата Земја можат да онбоват во една година.
Денот на еколошкиот долг оваа година се одбележува најрано откако се спроведуваат мерењата, наведуваат еколозите и повторно предупредуваат за важноста на зачувување на природната средина.
Организацијата „Global Footprint Network” секоја година го пресметува денот на пречекорување. Минатата година во долг сме влегле на први август. Во рамки на „буџетот“ на природните ресурси на Земјата сме биле се до околу 1970. година, кога денот на еколошкиот долг на Земјата бил 23. декември.
За десет години, 1980. година, сме влегле во долг шест недели порано, а наредната година тој ден бил 13. октомври. Во 2000. година во долг сме влегле на четврти октомври за да во 2010. година стигнеме до 28. август. Сега, девет години подоцна, повторно сме го собориле неславниот рекорд.

#MoveTheDate

планета

 

Испрати коментар

Scroll To Top