Насловна / Вести / Косово: И Србите и Албанците здружено против малите хидроцентрали

Косово: И Србите и Албанците здружено против малите хидроцентрали

Оставајќи ги настрана политичките несогласувања околу Косово, Србите и Албанците во Штрпце со месеци заедно протестираат против изградбата на пет мали хидроцентрали во Сириќинска жупа.

Вредноста на целиот проект кој го изведува компанијата „Маткос“ од Приштина е 30 милиони евра. Но, со изградбата на малите хидроцентрали во Штрпце би се загрозило снабдувањето со вода за пиење во областа.

kosovo2

kosovo3

Во меѓувреме во Дечани исто така имаше проетест, како дел од серијата протести кои еколошките активисти и граѓанските организации ги организираа ширум Балканот од  6ти до 16-ти јули. Во текот на овој протест граѓаните симболично ја „погребаа“ својата река, на која фирмата „Келокс“, дел од австриската енергетска компанија „Келог“,  „веќе со години незаконски гради“ како што истакнуваат организациите  Riverwatch и EuroNatur.

kosovo1

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top