Аеродромите во земјите од поранешна Југославија им нудат помал број на конекции на патниците, и директни и индиректни, во споредба со своите европски конкуренти. Според податоците од извештајот на Меѓународниот аеродромски совет (ACI), најслаба аеодромска поврзаност во Европа од вкупно 43 рангирани држави има Босна и Херцеговина, а веднаш до неа е Македонија. Србија е на 28-мото место, и втора од земјите на поранешната федерација, додека Хрватска е 22-ра во генералниот пламан.
Македонија е рангирана на 40-тото место. Во изминатата деценија забележува сериозен раст на бројот на патници, но сепак доминацијата на WizzAir и фактот дека примарно има индиректна поврзаност влијаело на пласманот.
Во Европа, највисоко ниво на аеродромска поврзаност има Шпанија, а потоа следуваат Германија, Велика Британија, Франција и Турција.