Европската комисија објави две студии кои покажуваат дека политиката во областа на животната средина може да го стимулира економскиот раст. Ова може да се направи со примена на еколошки даноци или такси, како и навремени инвестиции во средства за заштита од поплави, соопштуваат од прес-центарот на Европската комисија.
Идејата предвидува премин од оданочување на трудот кон оданочување на загадувањето на животната средина (на пример зголемување на даноците на причините за загадување на воздухот и водата ). Ова ќе донесе реални приходи во износ од 35 милијарди евра во 2016 година, кои ќе достигнат 101 милијарди евра во 2025 година, проценуваат експертите.