Индустрискиот дизајнер Karim Rashid, роден во Каиро, пораснат во Канада, кој денес живее и работи во Њујорк, но и во Белград, Мексико и Мајами дизајнирал шише за вино за винаријата Stratus сместена во градчето Нијагара на Езеро во канадската покраина Онтарио.
David Feldberg, сопственикот на Stratus, се здружил со дизајнерод за да создаде скулпторско шише за вино Deсant.
Целта на проектот била да се создаде иновативно шише, кое ја следи баухаусовската филозофија на Stratus „формата ја следи функцијата“, која претставува како нерафинираното вино Cabernet Franc се одгледува единствено во лозовите насади на Stratus.
Од концептот до крајниот дизајн, слоевито стакло на шишето создава рачка која е отпорна на лизгање и служи како декантер за природно формиран седимент додека визуелно ги стимулира сетилата.
Шишето Decant е со деконструиран дизајн кој е инспириран од слоевите на глина, гранит и варовник, кои се наоѓаат во почвата каде што се одгледува грозјето за виното.