Cromatti е колекција на колоритен и ултрамодерен мебел, ексклузивен и рачно изработен во Лос Анџелес, Калифорнија. Брендот вклучува 11 уникатни парчиња мебел во асортиман на живописен кубистички дизајн во стотина варијации. Има над 100 опции за клупи и столици и повеќе од 20 опции за мат и стаклени маси.
Cromatti овозможува да создадете уникатен мебел кој нуди палета на самоизразување кое ќе го внесете во вашиот дом. Секој елемент е вистински одраз на личниот дух и визија на креаторот.
Cromatti е основана од страна на Dan Maddox и Alan Rauta во 2012 година. Нивната инспирација за создавање на неконвенционален дизајниран мебел биле луксузните автомобили и револуционерните уметници.