Компанијата Google планира да вложи 15 милијарди УСД во изградба на куќи, канцеларии и малопродажни простори на подрачјето на Сан Франциско. Со цел да се оствари овој голем потфат, технолошкиот гигант го здружил силите со австралиската градежна компанија Lendlease. Изградбата ќе потрае 10-15 години, додека самата изведба треба да започне во 2021 година. Инаку Силиконската долина долго време води битка со недостатокот на станбен простор, со оглед на тоа дека на подрачјето се наоѓаат некои од најголемите светски технолошки компании, бројот на жители расте од ден во ден, а со тоа и потребата од нови домови. Се планира со проектот да се изградат околу 15.000 нови домови.
Поради недостатокот на станбен простор, голем број работници од средната класа се принудени да се иселат од овој регион. Критичарите наведуваат дека подемот на компаниите како Google и Facebook и нивните добро платени работници доведуваат до пораст на цените на недвижностите. Според некои истражувања само во Сан Франциско има околу 7.000 бездомници.