Во пресрет на претстојната летна Олимпијада во Париз во 2024 година, француската архитектонска фирма Jakob+MacFarlane работи на проект за повторно оживување на големата пост-индустриска постројка во иновативен јаглеродно неутрален објект. Фабриката се наоѓа блиску до планираната локација за Олимписките игри во областа Плејел.
Постоечката зграда е „остаток“ на индустриското минато на Сен Дени, кое сега е опкружено со големи нови градски градби. Проектот за адаптација, кој подразбира нулта емисија на јаглерод, се нарекува „Odyssee Pleyel“. Овој проект е победничкото решение на натпреварот организиран од страна на C40 Градовите насочени кон трансформирање на празни и напуштени места во градовите низ целиот свет.
Фабриката „Hall de décuvage Pleyel“ опфаќа површина од над 1.400 квадратни метри и е висока 24 метри. Наместо да ја уништи зградата, фирмата Jakob + MacFarlane предложи да ја реновира постојната структура во јаглеродно неутрален објект. Ова би се постигнало преку модуларни конструкции за дрво и обновливи енергетски системи кои би овозможиле енергетска самодоволност на објектот.
Проектот „Odyssee Pleyel“ сведочи за човечките, технолошките и културните достигнувања на оваа област. Затоа, оваа зграда ќе биде одличен пример за повторно откривање на поранешната индустриска централа во рефлективен објект на иднината.
На врвот од зградата ќе бидат хибридни фотоволтаични соларни ќелии. Ќе се инсталира систем за собирање на дождовница и систем за употреба на сива вода.