Насловна / Вести / 100 години пред сите: Летечко такси во Париз

100 години пред сите: Летечко такси во Париз

Жителите на Париз ги чека вистинска мала револуција во превозот, бидејќи наскоро би можеле да прескокнат цел еден век и во иднина да се возат со летечки такси возила. Иницијативата за овој проект е поврзана со организацијата на Олимписките игри во 2024 година. За таа прилика, а со цел поефикасен превоз на гостите и учесниците на оваа манифестација, се здружиле Airbus, Аеродроми Париз, Париското градско сообраќајно претпријатие, Парискиот регион и Генералната дирекција за цивилна авијација. Од оваа нивна соработка, се родил проектот во рамките на кој сега се испитуваат различни модели на футуристички возила налик на оние од научно фантастичните филмови. Во моментот се тестираат прототипови чиј изглед се држи во тајност.

flyingtaxi1

flyingtaxi2

Таму каде што денес поради големите гужви, потребно е да се возите еден час (на пример од аеродромот „Шарл Де Гол“) со приградска железница или такси, со новиот концепт ќе бидат потребни само неколку минути. Врските ќе се остваруваат во нискиот воздушен простор наменет за хеликоптери, а веќе се размислува и за цената на услугата. Целта на Париското градско сообраќајно претпријатие е таа да не биде повисока од 2 евра по километар.  Засега се планираат две линии, од аеродромот “Шарл Де Гол” до идното Олимписко село во Сен Дени, и до Дизниленд.  Центарот на градот е исклучен од проектот, бидејќи тоа би било комплексно од безбедносни причини.

flyingtaxi3

 

Испрати коментар

Scroll To Top