ЈП „Паркинзи на општина Центар“ и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција – Скопје минатата недела санкционирале 309 непрописно паркирани возила.
„Во периодот од 15.07. до 22.07.2019 година, со помош на „пајак“ возилата на ЈП ПОЦ, отстранети се 132 непрописно паркирани возила, од кои едно несовесно паркирано возило на паркинг-место наменето за лица со посебни потреби, а со поставување на механичко средство блокатор санкционирани се 177 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници резиденти на секторот во којшто биле паркирани“, соопшти ПОЦ.
ЈП ПОЦ и Општина Центар апелираат до граѓаните да се придржуваат до пропишаните правила и прописи за безбедно однесување во сообраќајот со цел да се зачува безбедноста на останатите учесници во сообраќајот и реши проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на општина Центар.
ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.