BBC неодамна направи листа од петте најкреативни градови на светот, поточно градови кои се инспирација за уметниците и во кои тие со задоволство би го поминувале своето време. Интересно е дека на таа листа се наоѓа и Белград, покрај Мексико Сити, Шарџа, Дакар и Бангкок.
Историски, градовите се битен предуслов за создавање наголема уметност, почнувајчи од античката Атина, ренесансна Фиренца, па до Њујорк и Лондон. Интересно е дека каде и да одат уметниците, останатите ги следат. Академикот Ричард Флорида ја популаризирал токму оваа теорија во почетокот на веков, односно дека креативноста овозможува урбан развој, т.е уметниците преоѓаат во градските, работнички или напуштени индустриски зони во потрага по поефтино сместување и студиски простор. Така, тие го прават местото забавно и интересно, а креативната средна класа ја привлекуваат овие отворени заедници и културните содржини кои ги нудат.