Насловна / Вести / Камбоџа врати 1 600 тони пластичен отпад на САД и Канада

Камбоџа врати 1 600 тони пластичен отпад на САД и Канада

Минатата недела Камбоџа објави дека ќе им врати назад 1.600 тони пластичен отпад на САД и Канада. Земјата го добила отпадот во 83 контејнери, 70 од контејнерите биле испратени од САД и 13 од Канада.

kambodza
„Камбоџа не е контејнер за странските земји да можат да депонираат застарен е-отпад и владата тука се противи на увозот на пластичен отпад и мазивo за рециклирање во оваа земја”, рече министерот за животна средина на земјата, Нетх Фактра и додаде дека е формирана владина комисија за да се испита зошто контејнерите пристигнале во земјата и ако се открие компанија која била вклучена во транспортот на отпадот истата ќе биде казнета со парична казна и изнесена пред суд.

к1
Кина минатата година го забрани увозот на пластичен отпад од странство , што доведе развиените земји да го испраќаат својот отпад во други земји во развој.
Извршниот директор на Транспаренси Интернешнал на Камбоџа, Преап Кол, изјави дека испораката на ѓубре е „сериозна навреда“, а премиерот Хун Сен рече дека Камбоџа не е депонија и дека нема да дозволи увоз на пластичен отпад или на какви било средства за рециклирање. Самата држава се бори со домашниот пластичен отпад создаден поради недостаток на јавна свест или инфраструктура. Индонезија овој месец исто така објави дека биле вратени десетици контејнери полни со отпад во Франција, Австралија и други развиени земји, а и Филипини и вратија на Канада отпад и порачаа „изедете го ако сакате“ . Во мај, Малезија соопшти дека вратиле назад 450 тони увезен пластичен отпад.

камбоџа1
Според Светскиот фонд за природа (WWF), 300 милиони тони пластика се произведуваат секоја година. Најголем дел од овој отпад завршува на депонии или во морињата, што го претвора проблемот во меѓународна криза. Во мај оваа година, 187 држави потпишаа договор со кој им се дозволи на државите да го блокираат увозот на контаминиран или тежок за рециклирање пластичен отпад.
“Премногу долго развиените држави како САД и Канада ги извезува своите мешани токсични пластични отпадоци во азиските земји во развој, тврдејќи дека истиот ќе биде рециклиран во земјата-примач. Наместо тоа, голем дел од овој контаминиран мешан отпад не може да се рециклира и поради тоа се фрла или пали, или завршува во океанот“, изјави д-р Сара Брош, научен советник во Меѓународната мрежа за елиминација на POPs (ИПЕН).

Испрати коментар

Scroll To Top