Тим на професори од престижниот Универзитет во Кембриџ во кој спаѓаат архитекти, инженери и молекуларни биолози, објаснуваат зошто иднината на одржливата градба зависи од најосновниот материјал кој го познаваме – дрвото.
Заедно со соработниците од архитектонското студио PLP и инженери од компанијата Smith and Wallwork претставници на Центарот за природни материјали и иновации во Кембриџ претставија три амбициозни проекти на дрвени облакодери предложени во Лондон, Чикаго и Хаг. Конечниот изглед и структурата на овие објекти е резултат на петгодишните испитувања на можностите и потенцијалите на дрвото како градежен материјал на иднината. Употребата на дрвениот материјал како конструктивен за потребите за изградба на високи згради носи различна потенцијална корист. За почеток, дрвото е обновлив ресурс кое, за разлика од бетонот и челикот, може да ги намали трошоците и да го забрза времето на изградба. Експертите од Кембриџ тврдат дека дрвото е добар градежен материјал и затоа што е лесен, па фундирањето е олеснето, а сеизмичките влијанија се помали.
Посебно внимание е посветено на прашањето за отпорност на пожари, а интересно е дека и за ова прашање експертите се на страната на дрвото затоа што со добри методи на обработка, квалитетните дрвени материјали овозможуваат и високо ниво на безбедност по прашањето за отпорност на пожари.