По патиштата во БиХ, но и во регионот, наскоро би можеле да се возат електрични автомобили кои ќе излегуваат од погоните на компанијата „Никола Тесла“ од Бања Лука. Завршени се сите тестови и започна сериско производство. Деловите ги произведуваат пет фабрики во Република Српска, а сè што ќе се произведе веднаш се извезува во Германија, каде се склопуваат.
Со договорот со германската компанија Streetscooter е предвидено производство на 14.000 автомобили.
Извор: Al Jazeera Balkans