Haneda Excel Hotel, кој се наоѓа на меѓународниот аеродром Haneda во Токио, во својата понуда има собi со симулатор за летање кои sе базирани на кокпитот на Boeing 737-800. Цената за ноќевање во една ваква соба чини 234 УСД, но самостојното користење на симулаторот е строго забрането. Имено, симулаторот се наоѓа веднаш до креветот, но заштитен е со транспарентна акрилна преграда. Доколку гостите сакаат да се испробаат како пилоти, ќе мора да платат час со инструктор, кој чини 277 долари за 90 минути. Притоа, с есимулира полетување од аеродромот Haneda во Токио, и слетување на аеродромот Itami во Осака.
Опремувањето на една ваква соба чинело 92.000 УСД, но менаџментот на хотелот е убеден дека инвестицијата брзо ќе им се исплати, бидејќи ваква „играчка“ нема ниту еден друг хотел во светот. Букирањето е достапно почнувајќи од 18-ти јули.