Еден од најдобрите тенисери во историјата, петкратниот освојувач на Вимблдон, светскиот тенисер број еден Новак Ѓоковиќ, поседува луксузен стан во Мајами во објект проектиран од Ренцо Пиано.
Објектот со луксузни станови Eighty Seven Park сместен на плажата North Beach во Мајами, Флорида е прв резиденцијален објект на Пиано проектиран во САД. Објектот сместен по должина на Атланскиот океан настојува да ги вклопи небото, морето и земјата, обтаќај им се и на океанот и најблискот парк од 35 хектари.
Зградата од 18 ката има само 72 луксузни стана со површина од 1400 до 1700 квадратни метри и секј од нив има сопствен лифт. Објектот е сместен помеѓу два бујни парка со непрекинат поглед на океанот. Зградата изгледа како да лебди над дрвјата и во предворјето има внатрешна ботаничка градина, приварен парк, два базена и бар.
Надворешниот и внатрешниот дизајн третирани се како еден простор. Линеарните приватни градини и елиптичната архитектура на објектот се во тивок дијалог.
Проектот, тесно е развиван помеѓу Rena Dumas Architecture Intérieure (Париз), West 8 Urban Design & Landscape Architecture (Ротердам) и работилницата на Ренцо Пиано.
А светскиот тениски шапион поседува апартман во овој објект за совршен животен стил кој содржи три спални соби, три купатила и два приватни базена.