Владата на Русија го одобри проектот Меридијан, првиот јавно-приватен автопат, кој ќе биде најкраткиот пат за превоз на стоки помеѓу Кина и Европа. Автопатот Меридијан ќе биде долг речиси 2.000 километри, ќе има четири ленти и ќе оди од Белорусија до Кина, минувајќи низ осум региони на Русија и Казахстан. Цената на патувањето за превозниците од земјите кои не се дел од Евроазиската економска унија е изнесува 70 центи по километар, а првите возила низ овој пат ќе поминат во 2024 година. Премиерот на Русија, Медведев ја одобри изградбата на автопатот, а според пишувањето на руските медиуми, овој проект значајно ќе влијае на развојот и модернизацијата на руската инфраструктура.
Главниот повод за изградба на овој пат е фактот што западите земји, особено САД, константно воспоставуваат нови блокади и со тоа го отежнуваат транспортот и трговијата со кинеските компании. Кинезите денес активно пронаоѓаат нови рути, и поморски и копнени, со цел да ги заобиколат препреките и да го зголемат транспортот на својата стока.
Во светот веќе се присутни разни форми на јавно-приватно партнерство во областа на инфраструктурата, а кинеските компании веќе на големо работат на изградбата на автопатишта во согласност со концесиските услови – и во Африка, и во Латинска Америка, па и во Европа.