Во Сингапур е изградена највисоката модуларна кула на светот, која го престигна „George Street“ во Кројдон во Англија. Градежната фирма Bouygues Batiment International го има изградено „Clement Canopy“ – две кули од монтажни бетонски модули кои се високи по 140 метри. Вкупно 1.899 монтажни и готови модули е изградено надвор од локацијата.
Бетонските модули се излиени во Сенаи во Малезија по што се комплетирани во фабриката воТуас во западен Сингапур. Секој модул надвор од локацијата бил завршен околу 85 отсто и после тоа транспортиран на градилиштето каде деловите се монтирани на самото место. Прозорските рамки и застаклувањето, вратите, плакарите и инсталацијата вклучувајќи водоводни, санитарни цевки, електрични цевки и каналите целосно биле готови и вградени во модулите пред тие да бидат донесени на градилиште.
„Clement Canopy“ е изградено во исто време кога модулите се споени и поставени на локацијата. Од фирмата Bouygues Batiment International велат дека оваа метода е дефинитивно еколошки прифатлива во однос на останатите бидејќи е намален отпадот на самото место за 70 отсто, а надвор од локацијата за 30 отсто. Модуларните проекти можат да бидат и уште поодржливи доколку се користи дрво наместо бетон.
Фасадните кули се изградени од обработен и обоиен бетон со алуминиумски прозорски рамки. „Clement Canopy“ има 505 двособни, трособни и четворособни станови и базен на приземјето.