„Бројот на нови хидроцентрали кои во последно време се градат или се во план за градење на подрачјето на Балканскиот полуостров е огромен, и поради тоа е извесно дека не само екосистемите туку и општеството ќе ги почувствува последиците.“ Ова беше само една од поентите од дебатата под наслов „Хидроенергија – минато, сегашност и иднина“ која беше одржана во склоп на 11-тиот симпозиум на европскиот научници за слатки води (Symposium for European Freshwater Sciences – SEFS), кој се одржа од 30-ти јуни до 5-ти јули во Загреб. Токму тој факт се посочува како главна причина особено да се внимава на биодиверзитетот при градењето на новите хидроцентрали на Балканот.
Сепак, мора да се кажае дека енергијата му е исклучуително потребна на човештвото, па доколку веќе се напуштаат “класичните“ односно фосилните извори на енергија и се фаворизираат обновливите, тогаш мора да се нагласи дека и последниве имаат исто така одредени негативни влијанија врз животната средина. Затоа, особено е важно во одлучувањето да бидат вклучени сите засегнати страни – енергетичари, инвеститори, еколози, биолози, граѓански организации и пошироката јавност.