Словенечкиот производител и снабдувач на електрична, топлинска енергија и технолошка пареа, „Енергетика Љубљана“ (TE – TOL), стартува со изградба на нов гасно-парен блок. „Енергетика Љубљана“ потпиша договор вреден 118 милиони евра за набавка и вградување на два гасни турбоагрегати со соодветни парни единици и помошна технолошка опрема, со добавувачот Mytilineos HOLDINGS од Грција. Изградбата ќе трае 30 месеци. По изградбата на овој блок TE – TOL користи 20% јаглен, 10% дрвна биомаса, и 70% природен гас.
До 2022 година, новата единица ќе замени два постоечки блока на јаглен. Претходно, во 2008 година еден од блоковите на јаглен бил реконструиран за да може да користи и јаглен и дрвна биомаса. TE – TOL е најголем корисник на дрвна биомаса во енергетски цели во Словенија. Според податоците на компанијата, годишно овој капацитет користи над 100.000 тони, што е 16% топлинска и електрична енергија од обновливи извори.
Изградбата на плинско -парната единица е во согласност со целите на енергетската ефикасност утврдени со Акцискиот план за енергетска ефикасност за периодот 2014. – 2020.