Насловна / Архитектура / Театар кој наликува на традиционален кинески брод

Театар кој наликува на традиционален кинески брод

Изградбата на новиот театар во Иву, во провинцијата Џеданг во Кина, ќе има невообичаен дизајн.

teatar

Фирмата MAD Architect, која победи на архитектонскиот конкурс инспирација за овој дизајн наоѓа во изгледот на традиционалните локални бродови и сето тоа го вклопила така што објектот личи на брод со стаклени едра, кои се всушност настрешници.

teatar1

Овој театар ќе покрие површина од околу 95.290 квадратни метри. Тоа ќе вклучува голема театарска соба со капацитет од 1.600 седишта, помала соба со 1.200 седишта и конференциска сала за две илјади лица.

teatar4

Покрај градењето на објектот, проектот ќе ја опфати и животната средина. Во непосредна близина ќе има дрвен мост за пешаци, зеленило, амфитеатар и голем отворен пазар кој ќе се прошири на вода и тераси кои ќе пружат поглед на животната средина, но, исто така, ќе понуди и место за одмор.

teatar2

Локацијата е навистина фасцинантна, бидејќи кога се гледа оддалеку, изгледа како „брод“ кој плови по реката. Во далечината има планини кои дополнително ја разубавуваат сликата. Изгледот на бродот и лебдечкиот ефект постигнат е со слоеви на стаклени едра кои потсетуваат на кинески бродови што некогаш транспортирале стоки преку вода.

teatar3

Транспарентноста и „леснотијата“ на стаклото ѝ даваат на фасадата текстура слична на ткиво, создавајќи динамичен ритам и ветарски ефект врз ветрот. Овие стаклени панели делуваат како заштитен покрив околу објектот. Сепак сигурно е дека стаклената фасада на „Yiwu Grand Theater“ дополнително ќе го загрева објектот создавајќи ефект на стаклена градина, што е добро во текот на зимата, но не и во лето, кога тие ќе мора да го користат системот за вентилација.

Планот да се почне со изградба е во 2020 година.

teatar5

Испрати коментар

Scroll To Top