“Деновиве се одвива, за нас пресудната, 43 сесија на Комитетот за Светско Наследство во Баку, Азербејџан. По повеќе децении континуирано уништување (практично од осамостојувањето до денес) на агендата е разгледување на потребата нашето единствено светско природно и културно наследство да биде прогласено за светско наследство во опасност. Ова, според нас, е негова единствена шанса за опстанок“, велат од еколошкото здружение „Фронт 21/42“ од Охрид .
Оттаму додаваат дека во медиумите и социјалните мрежи деновиве кружат ставови и анализи кои се базираат на неразбирање на она што ќе се разгледува во Баку и можните последици.
“Ставањето на Охрид на листата на светски наследства во опасност не значи тргање на заштитата на УНЕСКО – напротив, значи зајакнување на заштитата. Токму ова е неопходно за да се стопира трендот на деструкција и создадат услови за враќање на поволна состојба на вредностит“, посочуваат од Фронт 21/42.
Во продолжение го пренесуваме остатокот од ставот кој го упати ова еколошко здружение:
Одење на листата не значи губење на статусот, значи дека советодавните експертски тела на УНЕСКО (врвни светски експерти за природа и културно наследство) директно ќе се вклучат во изработка на Посакувана состојба и сет на корективни мерки. Постојат многу примери во светот каде ваквиот потег донел спектакуларни резултати и во речиси безнадежни случаи целосно се вратени Исклучителните Универзални Вредности.
Во оваа смисла, најпатриотскиот чин кој нашата делегација може (и ако сака да го зачува најголемото природно и културно богатство – мора) да го направи во Баку, е да побара Охрид да отиде на листата на светски наследства во опасност и помош од експертите од УНЕСКО.
За жал, по се што сведочевме од 2017-та наваму наивно е да очекуваме дека ова ќе се случи, односно дека личните и партиските интереси ќе бидат ставени зад интересите на државата и на сите следни генерации. Останува да се надеваме дека светот ќе биде позагрижен за уникатното богатство на Охридскиот регион и ќе ја зголеми неговата заштита со тоа што ќе го прогласи за наследство во опасност.
Ам` шо лесно јет. Сите 500 дивоградби да се легализирет за четврт евро од квадрат рушвет, и ај соз здравје. Нема да останит ниедна и па` ќе си бидиме УНЕСКОСМ на северџан македонистан. Шо веглеам чудни. Како не витекна досе`.