Вечерва во рамки на Ин Ситу во МКЦ во киното Фросина од 18:30 до 19:15 ќе се одржи проекција на документарната серија Бетонски спијачи: „Grad koji je bio premoderan“, дел од документарниот серијал кој од 2016 година премиерно почна да се емитува на Хрватската телевизија. Документарната серија „Бетонски спијачи“ гради приказна за архитектурата од периодот на социо-модернизмот во поранешна Југославија, област уникатна за многу дотраени згради со извонредна архитектонска вредност од 20 век.
Веднаш потоа во 20:30 часот предавање и разговор со Мароје Мрдуљаш архитект, критичар и куратор од Хрватска, кој соработувал и учествувал во поголем број изложби и публикации меѓу кои „Кон конкретната утопија: Архитектурата во Југославија 1948-1980“, SOS брутализам (ДАМ Франкфрукт), „Недовршени модернизации – помеѓу утопија и прагматизам“, „Континуитет на модернизмот“, и други.
Во 2009 година тој ja воспоставува истражувачка платформа „Недовршени модернизации“ (со Владимир Кулиќ), која ги истражува архитектура и урбанистичките феномени во регионот на поранешна Југославија.