Графичкиот дизајнер и уметнички директор на Nike, Антонио Браско, минатата година претстави интересен концепт на брендирање на Montana спрејови со логотипови на познати светски street wear компании како што се Adidas, Dr. Martens, Nike…
Проектот доживеа голем успех и предизвика интерес во јавноста, и затоа Браско одлучил истиот да го надополни со серија на други high-end брендови како што се Chanel, YSL, Dior, Gucci, Louis Vuitton и Hermès. Секоја лименка е претставена со специфична боја која е во согласност со препознатливите нијанси на самата модна куќа – Chanel е со елегантна црна, Louis Vuitton со кафеава, Gucci со темно зелена, а Dior е со софистицирана бела боја и сребрен потпис.
За овие колекционерски предмети веќе има силни реакции по социјалните мрежи, а дали може да се најдат во официјална продажба сè уште не е познато.