Насловна / Вести / Зошто Амстердам повеќе не сака туристи?

Зошто Амстердам повеќе не сака туристи?

Главниот град на Холандија им вели на посетителите да одат на други места. Што се случи? Како Амстердам го сврте грбот на туристите кои на холандската економија годишно и носат околу 82 милијарди евра?
Амстердам, град познат по толеранција, тесни куќи и широки канали, радикално го менува ставот кон туристите кои со воодушевување го посетуваат градот, пишува CNN.

амс
Причината е едноставна – граѓаните на Холандија се плашат дека нивниот град ќе се претвори во Венеција.
Фрустрираните жители на Амстердам веќе подолг период се жалат на преголемиот број туристи и се плашат дека нивниот број кој е во пораст, би можел да ја уништи душата и духот на овој космополитски град.
„Под голем притисок сме”, изјавила архитектот Elen van Lun. „Не сакаме да се претвориме во Венеција. Туристите премногу го сакаат нашиот град и премногу не посетуваат“.

ams1
Van Lun ги признава позитивните аспекти на туризмот, како бројките кои ја пополнуваат касата, но ги разбира и жителите кои ќе го изгубат автохтоното чувство на својот роден град.
Како Венеција, Амстердам стана симбол за феномен на преголем туризам кој е тесно поврзан со се попристапните цени на авионските билети. Додека некои градови почнуваат да се справуваат со ваков проблем, Амстердам едноставно кажа дека му е доста.
Имено за градот се предвидува продолжување на десетогодишниот раст на посетители од 18 милиони во 2018. на 42 милиони во 2030. година, што претставува бројка 50 пати поголема од сегашното постојано население.
Холандските официјални лица поради наведеното, неодамна смело одлучија да престанат да ја рекламираат својата земја како туристичка дестинација. Спровеле некои одредби со намера да ги одвратат туристите, ограничувајќи им места за забава или капацитети на сместување.

amst
Градските власти на Амстердам најавиле и нови данаци на туристичките ноќевања, а новиот приход од туризмот ќе биде насочен кон одржување на градот.
Амстердам веќе напаќа седум отсто данок на хотелските сметки, а градските татковци во средината на мај најавија и нова такса според која гостите на хотелите ќе плаќаат дополнителни три евра во градската каса.
Здружението на холандските хотели и ресторани Koninklijke Horeca ја критикува најавата за нови такси, оценувајќи дека Амстердам веќе има највисоки туристички даноци меѓу популарните европски дестинации.

Извор: National geographic

Испрати коментар

Scroll To Top