Насловна / Вести / Граѓаните со акција ги повикаа градоначалниците да ги „ослободат“ дрвјата

Граѓаните со акција ги повикаа градоначалниците да ги „ослободат“ дрвјата

Граѓаните со акција во Градскиот парк во Скопје, симболично доцртувајќи ги забетонираните корења на дрвјата, ставајќи синџири и оставајќи пораки за слобода на зеленилото, ги повикаа надлежните градски и општински власти да го отстранат бетонот со кој се задушени корењата на повеќе од 1.000 дрвја на територијата на Скопје, но и низ останатите градови во државата, јавуваат од „Не игнорирај! Реагирај!“.

д2
„Како градоначалник кој раководи со Координативното тело на градоначалниците во градов, првиот човек на Скопје, Петре Шилегов има можност, но и должност, да го постави ослободувањето на сите заробени дрвја како заедничка акција. Шилегов неодамна изјави дека само 187 од над 1.000 заробени дрвја во Скопје биле под нивна наделжност, но дури и од нив градот во период од шест месеци, ослободил само 20.Ефектот на една крошна од овие возрасни дрвја не се реплицира ниту со 100, ниту пак со 200 новозасадени“, се вели во соопштението на О2 Иницијатива која е реализатор на оваа герила- акција за ослободување на заробените дрвја, во рамките на кампањата на Институтот за комуникациски студии за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“.

д1
Според експертите од Шумарскиот факултет, дрвјата мора да бидат ослободени веднаш, без ниту еден ден допонително одолговлекување, бидејќи летните жештини и високите температури ќе значат угинување на најмалку 200 до 300 повеќедецениски, во моментов, исклучително загрозени дрвја.

„Деканот на Шумарскиот факулет Кирил Сотировски, на неодамнешната конференција #ШансаЗаСкопје, изјави дека Скопје претставува термички, топлотен остров, бидејќи со неконтролираната урбанизација зеленилото е уништено на големи површини, а голем дел од постоечките дрвја не се здрави“, се додава во соопштението на О2 Иницијатива.
Зелените површини според генералниот урбанистички план на Скопје во 2012 година, завземаат вкупно 529 хектари односно шест отсто од вкупната површина на градот, се наведува во Студијата за озеленување и пошумување на подрачјето на Град Скопје од 2015 година.
Градското зеленило го прочистува воздухот и ја апсорбира прашината и штетните гасови за 30 до 40 отсто. Во деловите со интензивно зеленило, загаденоста на воздухот е за два до три пати помала од другите делови на градот. Градските паркови штитат од бучава, силно сонце и ветрови и ја регулираат температурата во населбите.
Денес по акцијата и повикот на граѓаните Општина Центар се пофали дека ги „ослободува“ дрвјата во Центар од бетон и бекатон кои го загрозуваат нивниот опстанок. Дополнително, во празнината поставуваат малч, кој служи за заштита и прихранување.
Од општината велат „во изминатиот период Одделението за животна средина на Општина Центар интервенираше на повеќе од 30 дрвја кои се наоѓаат на и околу улицата Боемска, а во наредниот период ќе се работи и на дрвјата во други делови од нашата општина“.

дрва

Испрати коментар

Scroll To Top