Насловна / Архитектура / Размислувал да ја напушти архитектурата, а сега ги претвора градовите во подобри места за живот

Размислувал да ја напушти архитектурата, а сега ги претвора градовите во подобри места за живот

На четврта година студии Koichi Takada размислувал да ја напушти архитектурата. Вели дека студиите му оделе добро, но почнал да ги мрази зградите. Потоа заклучил дека може или да продолжи да живее во свет во кој секојдневно „никнуваат“ градби кои имаат многу проблеми или може да стане архитект и го смени начинот на кој настануваат новите објекти.

кт

Одлучил да истрае, па така денес струката е побогата за еден архитект, кому навистина му е важен квалитетот на објектите и животот на луѓето во нив.
Со оглед на тоа дека пораснла опкружен со оризови полиња во руралната околина на Токио, Takada во потполност ја разбира вредноста на живеењето со природата. Тој истакнува дека за време на неговото растење, неговото семејство и комшии живееле во хармонија со опкружувањето. Меѓутоа, урбанизмот почнал да се развива и уште за време на неговите тинејџерски денови градот потполно се променил.
Ова поимање на развитокот на урбанизмот, станало фасцинација за Takada, па одлучил да студира архитектура во Њујорк, кој тогаш му изгледал како град на иднината.
„Њујорк беше мојот сон. Сепак кога дојдов тамо сфатив дека животот во бетонска џунгла е премногу стресен за мене. Одев во Централ Парк, бидејќи само тамо се чувствував слободен да дишам и се прашував зошто таа природа не може да биде дел од архитектурата. Така почнав да цртам со природата како главна инспирација“, вели за Architectural Digest јапонскиот архитект Koichi Takada.
Бирото на Takada, Koichi Takada Architects во 2012. година освои награда на меѓународен конкурс за дизајн на ентериерот на Националниот музеј во Kатар, кој проект за објектот е на Jean Nouvel. Со овој проект за ентериерот Takada почнал да го освојува светот, бидејќи преку внатрешноста на објектот ги изразил културолошките и еколошките аспекти на околната пустина и на тој начин ја покажал својата величина како архитект.

3

Пустина во ентериер; Национален музеј во Катар

Ваков пристап кон архитектурата Takada негува и понатамо. Во јули ќе биде отворен неговиот објект наречен Infinity во Сиднеј, кој со својата форма ја имитира пештерата Мелисани во Грчка во која камења еродирани од вода овозможуваат природна светлина во внатрешноста.

2

Infinity

Infinity во Сиднеј

Неговата станбена зграда во Лос Анџелес инспирирана е од гигантското стебло на калифорниското црвено дрво, а базата на објектот во зона на фасадата изведена е така да асоцира на прочуеното подигање на здолништето на Мерилин Монро.

дрво

мм

Инспирација од дрво и Мерилин Монро

Враќање во позелен Њујорк?
Иако проектите на Takada ги красат градовите ширум светот, неговата желба е да се врати во Њујорк, местото каде го научил занаетот. Истакнува дека би сакал да изработи проект во Њујорк, особено сега кога е засилена градската политика за зелена градба. Смета дека овие промени би требало да создадат потполно ново опкружување и дека би сакал да биде дел од тој процес.

Испрати коментар

Scroll To Top