Дејвид Гилмор, гитариста и пеач на „Пинк Флојда“ продаде 127 гитари од својата колекција за повеќе од 21 милион долари. Парите од оваа добротворна аукција одржана во Њујорк, наменети се за борба против климатски промени.
Аукцијата тераела осум часа и имала понудувачи од 66 земји ширум светот, соопшти британската аукциска куќа „Кристи“ која је водела продажбата.
Дејвид Гилмор веќе е награден со звање витез за својата хуманитарна работа
Гилмор ден пред аукцијата открил дека сите пари од продажбата ќе бидат насочени за спречување климатски промени, односно за светската организација „Клајент ерт“ (ClientEearth).
Гитарата „Фендер Стратокастер“ од 1969. година која Гилмор ја користел на снимањето на албумите The Dark Side of the Moon, Wish You Were Here и The Wall, популарниот „Црн Страт“, продадена е за неверојатни 3.3 милиони долари, што е нов светски рекорд за една гитара продадена на аукција.
И други две Гилморови гитари надминаа милионски суми. „Стратокастер“ од 1954. година со златни делови и сериски број 0001, продаден е за 1.8 милиони долари, а „Мартин Д-35“ од 1969. година со која Гилмор создал најмногу песни, продаден е за повеќе од милион долари.
Црвен „Страт“ од 1984. година кој важел за главна гитара на Гилмур помеѓу 1988. и 2005. година, продаден е за 615 илјади долари, а дванаестожичаниот „Мартин Д-12 28“, кој го користел во песните Wish You Were Here и Hey You, за 531 илјади.
Златен „Стратокастер“ број 0001
На аукцијата исто така е поставен нов рекорд на цена за „Гибсон Лес Пол“ модел од 1955. година на кој Гилмоур свирел соло за Another Brick in the Wall, Part 2.
„Глобалната климатска криза е најголем предизвик со кој човештвото некогаш ќе се соочи и за неколку години последиците од загревањето ќе бидат неповратни. Се надевам дека продажбата на овие гитари ќе помогне на „Клајент ерт“ во нивната намера да го искористат законот и донесат вистински промени. Потребен ни е цивилизиран свет за нашите внуци во кој на овие гитари ќе се свират и пеат песни“, изјави Гилмор.