Насловна / Вести / Компанијата GE изгубила милијарди долари, бидејќи не ја предвидела енерегстката транзиција

Компанијата GE изгубила милијарди долари, бидејќи не ја предвидела енерегстката транзиција

Во најновиот извештај на Институтот за енергетска економија и финансиска анализа (IEEFA), се наведува дека компанијата General Electric (GE), изгубила 193 милијарди долари, или 74% од пазарната капитализација во периодот 2016-2018 година. „Ова драстично намалување на вредноста, во голема нера било последица на масовното откажување од изградбата на термоцентрали во светот, за што компанијата била целосно неподготвена“ се наведува во извештајот General Electric Misread the Energy Transition: A Cautionary Tale. IEEFA додава дека компанијата GE погрешно  проценила дека побарувачката од јаглен и природен гас ќе продолжи да го следи глобалниот економски раст. Компанијата не ги земала во предвид константниот пад на трошоците за технологиите за користење на обновливите извори на енергија и огромниот раст во примената на мерките за енергетска ефикасност, што побарувачката на енергија веќе ја одвојува од показателите за економска активност.

GE2

Испрати коментар

Scroll To Top