Насловна / Вести / Електричните автомобили ќе мора да генерираат звук од безбедносни причини

Електричните автомобили ќе мора да генерираат звук од безбедносни причини

Европската унија неодамна одлучи сите нови електрични автомобили кои ќе сообраќаат низ улиците на Унијата, од 1-ви јули задолжително да имаат вграден звучен систем т.н AVAS (Acoustic Vehicle Alert System). На овој начин треба да се предупредат пешачите, велосипедистите и другите уесници во сообраќајот, дека наидува автомобил. Благодарение на AVAS, електричното возило ќе го најави своето доаѓање и присуство во сообраќајот преку континуиран звук од 56 децибели, што е еквивалентно на бучавата која ја генерира клима уред или електрична четкичка за заби. Звукот ќе се активира доколку автомобилот се движи со  20 km/h или побавно. Звучното предупредување не смее да биде погласно од 75 децибели, што е вообичаено ниво на бучава за автомобилите со мотори со внатрешно согорување.

avas2

Испрати коментар

Scroll To Top