Кога прв пат ја видовме монтажната канцеларија на Гео-Инг, за момент помисливме дека се наоѓаме на некој од врвните саеми за дизајн и архитектура во Италија. Или пак како да дека гледаме дизајн на енетериер во некое странско списание за внатрешно уредување.
Дефинитивно впечатокот беше воодушевувачки. Ни се допадна на “прва”!
Пренослива монтажна дрвена канцеларија, навидум едноставна надворешно, а одвнатре, интересна, со одличен дизајн, смирени бои и се што е потребно за да имате иделни услови за работа. Идеален спој на архитектура и градежништво, на практичноста, функционалноста со модерниот дизајн.
Станува збор за дрвена монтажна канцеларија, која без да се размонтира, може да се пренесе на друго место. Која ги има сите функционалности на трајните објекти, овозможува одлична изолација, топлотна и звучна, не држи влага, стабилна е како објект, овозможувајќи една пријатна, модерна атмосфера, во која луѓето кои ќе престојуваат и работат ќе се чувствуваат пријатно.
Внатрешно просторот е посебно осмислен, едниот ѕид е обложен со дрво смрека, кое дава посебна топлина и длабочина на просторот, најдолгиот ѕид е офарбан со модерната темно сива боја и прошарам со дрвени ленти, кои се одлична декорација…сите прозори се со дрвени рамки со цел да го комплетираат дизајнот и целокупната идеја.
Надворешно е употребено масивно суво дрво (елка, смрека), кое е совршено за надворешно обложување, поради природната отпорност на сите временски услови и својот извонредно декоративен изглед, а е лесно за одржување.
Квалитетот на дрвото како градежен материјал е неоспорен и доколку дрвото правилно се одржува, има многу долг животен век. Се карактеризира со висока густина, одлични својства, отпорност на влага, лесно се одржува и има голема стабилност, што е причина во последно време се почесто да се користи во различни фази и сегменти во градежништвото. А токму неговата голема естетска вредност е причина да се користи за монтажни објекти, потоа како дел од фасади, за надворешни дрвени подови, дрвени надстрешници и перголи, дрвени гарнитури во дворот, за ентериери’’ сметаАна Савева проектант од компанијата Гео-Инг, кои работат со германска технологија на обработка на дрво, со модерни компјутерски програми за конструирање на производите. Изработуваат монтажни дрвениобјекти, дрвени фасади, перголи, настрешници, огради, дрвени подови, детски игралишта,мебел за во градина и се друго што може да се направи од дрво http://www.geo-ing.com/.