Насловна / Екологија / Кои се последиците врз животната средина од Олимпијадата во Сочи?

Кои се последиците врз животната средина од Олимпијадата во Сочи?

1
Олимпијадата во Сочи е прогласена за најскапа во историјата на Зимските олимписки игри. Но, стручњаците предупредуваат дека во исто време се работи за олимписки игри со досега  најизразено негативно влијание врз животната средина. Со години, еколошките организации предупредуваат за штетите што се прават врз природните ресурси во регионите каде се градат спортските арени, капацитетите за сместување и другата неопходна инфраструктура за потребите на една олимпијада. Но, овие организации најчесто се игнорирани, па дури и замолчувани.
2
Во Сочи во близина на орнитолошки парк со бројни ретки видови, изградени се повеќе хотели за сместување на спортистите и новинарите. И не се работи само за овој парк, туку за целата област распослана помеѓу Кавказ и Црното Море, некогаш позната по земјоделството и како живеалиште на бројни ретки птици и растенија. Но, веднаш по добивањето на правото за организирање на игрите од страна на Меѓународниот олимписки комитет пред седум години, пејзажот во областа почнува да се менува.
3
Планинското село Краснаја Полјана, развиено како скромен скијачки центар уште од советски времиња, станува втор центар за олимписките активности, и заличува на големите европски скијачки центри со огромни сместувачки капацитети, спортски терени и шопинг центри. Нов пат, еден од најскапите некогаш изградени во Русија, како и брза железница го поврзуваат ова место со Сочи. Дополнително, исечена е огромна површина под шума за подготовка на скијачки патеки. И сето тоа е само еден мал дел од случувањата.
4
Голем дел од жителите жалат за времето пред Олимпијадата, пред промените на пејзажот и климата, а властите уверуваат дека е направено сè за заштита на животната средина.

Извор: Deutsche Welle

Испрати коментар

Scroll To Top