Аеродромот за кој епланиран буџет од 5 милијарди долари, би требало да ја направи историската знаменитост во Перу многу подостпна за посетителите. Едно од најпознатите археолошки наоѓалишта на светот, годишно во просек го посетуваат 1,5 милиони луѓе, што е двојно повеќе од бројката која за овој заштитен локалитет ја препорачува УНЕСКО.
Проблемот е во фактот што Мачу Пикчу на посетителите им е достапен само преку еден аеродром со една писта во блискиот град Куско. За да се намали гужвата и местото да стане попристапно, решението е пронајдено во изградба на нов меѓународен аеродром во градот Чинчеро, кој се наоѓа помеѓу Мачу Пикчу и градот Куско. Сепак, многубројните противници на овој проект тврдат дека изградбата на аеродромот, а со тоа и порастот на туристи, ќе ги уништи патеките, терасите и другите чувствителни делови во долината. Исто така, тие изразуваат загриженост и за еколошките последици, бидејќи отпадот од новата локација би можел да заврши во блиското езеро, кое обезбедува вода за градот Куско. Перуанската историчарка на уметноста Наталија Мајлуф покренала петиција против изградбата на аеродромот, кој досега е потпишана о над 48.000 луѓе. Меѓу другото, таа директно се обраќа на претседателот на перу, со цел да се издејствува повторно разгледување на опциите за локација на аеродромот. Но, се чини дека ниту претседателот ниту Владата не се многу загрижени за петицијата, и се посветени на реализација на проектот по секоја цена.